Неодамна се појавија информации дека претстојниот POCO F2 телефон ќе биде опремен со Snapdragon 732G чипсет од средниот сегмент. Меѓутоа, ова не е точна информација, според Ануја Шарма – директор на одделот POCO India.
Покрај тоа, тој посочува дека POCO F серијата ќе треба да понуди повеќе од X-линијата смартфони на компанијата. Ова значи дека телефонот би можел да пристигне со премиум чипсет, како што се Snapdragon 865 или Snapdragon 865+.
Врз основа на досега откриеното, POCO F2 најверојатно ќе биде објавен во текот на првата половина на годината и би можел да биде главниот flagship killer од следната генерација на компанијата.