Apple ja објави листата со најпопуларни апликации во 2017 година во App Store. Изненадувачки, на првите две места се најдоа две апликации на Snap, пред апликациите на Facebook, Google и Netflix.
Во 2016 година, најсимнувана апликација беше Snapchat, а годинава се лизна на втората позиција. Bitmoji, уште една апликација во сопственост на Snap која доживеа енормна експанзија, оваа година се најде на првото место.
Еве ја целосната листа на најсимнувани апликации во 2017 година според Apple:
- Bitmoji
- Snapchat
- YouTube
- Messenger
- Google Maps
- Netflix
- Spotify
- Uber
- Gmail
- Pandora Music
- Amazon
- Wish
- SoundCloud
- Google Chrome
- Waze
- Lyft
Повеќето од аплиакциите на листата не се изненадување, како на пример Facebook Messenger, Instagram и Facebook.
Што се однесува до апликациите кои не се бесплатни, највисоко пласирани се Facetune, Tabs & Chords и HotSchedules.
Од игрите, најпопуларна е Super Mario Run, a зад неа се 8 Ball Pool, Snake VS Blockz и Word Cookies!.
Oд игрите кои не се бесплатни, најпопуларна е Heads Up! трета година по ред.