Огромен блесок поминал низ Сончевиот систем по големата експлозија што се случила во нашата галаксија, а научниците сметаат дека тоа го предизвикала неутронска ѕвезда – магнетар.
Новото откритие ќе помогне за разбирањето на експлозиите на гама-зраците, кои се најмоќни експлозии во универзумот, пренесува Independent.
Научникот од Универзитетот во Јоханесбург, Себур Разак го водеше истражувањето и поднесе извештај за резултатите.
Разак истакна дека sвездите се помасивни од Сонцето и дека тие експлодираат во супернова и зад себе оставаат мала компактна неутронска везда.
„Нашето сонце е многу обична ѕвезда. Кога ќе згасне, ќе се зголеми и ќе стане џиновска црвена ѕвезда. Потоа ќе се распадне во помала компактна ѕвезда, која се нарекува бело џуџе”, истакна научникот.
Причините за најсилните експлозии во вселената се неутронските sвезди, но им помагаат на експертите да истражуваат назад во времето, до самото создавање на космосот.