Instagram почна со нова кампања која укажува на негативното влијание која одреден вид на фотографија може да ја има врз зачувување на природата т.е. животинските видови.
Кампањата пред сè е креирана поради корисниците кои ги вознемируваат животните, со цел да направат што подобра фотографија, но и поради корисниците кои фотографираат во загрозени, но и заштитени природни подрачја.
Како што е веќе напоменато, всушност не станува збор за вистинска опција туку за кампања, а истата се активира кога корисникот пребарува хаштагови поврзани со фотографии кои можат да им наштетат на животните и природата.
Во тој случај, на корисникот му се прикажува порака со наслов „Protect Wildlife on Instagram” и предупредување дека фотографиите можат да предизвикаат штета на животните и природата.
Опцијата односно кампањата е засега достапна во земјите кои имаат проблеми со т.н. „селфи туризам”.
Извор: Bug.hr