Традиционално во САД на Божик се активираат повеќе уреди одеднаш, a оваа година Apple доминираше на ова поле.
Оваа година беше полна со изненадувања, а Apple приреди и едно божикно изненадување. Иако iPhone „по навика“ е доминантен на американскиот пазар, оваа година дури девет од 10 активирани телефони на 25 декември биле од Apple.
iPhone 11 кој беше претставен минатата година и чини 599 долари во САД во основната варијанта, го освои убедливото прво место, освојувајќи дури пет проценти повеќе активации во споредба со просечниот неделен број на активации во САД. Следува iPhone XR, а дури потоа iPhone 12 Pro Max, како прв претставник на новата генерација на iPhone. Флегшип моделот iPhone 12 го зазеде само четвртото место, веројатно затоа што чини 200 долари повеќе од моделот iPhone 11.
По нив следуваат iPhone 11 Pro Max, iPhone SE, iPhone 12 Pro, iPhone 8 Plus и iPhone 8. Очигледно, во богатата понуда на Apple се најде по нешто за секого, па иако сме навикнати iPhone да ја „руши“ конкуренцијата на овој ден, ова е првa толку убедлива победа.
На „ударот“ на iPhone одолеа, верувале или не, само еден Android телефон што го активирале дури 181 проценти повеќе корисници во споредба со неделниот просек, а тоа е – LG K30! Овој модел беше претставен во текот на 2018 година и неговата цена во слободна продажба во САД во моментов изнесува под 140 долари. Едноставно е неверојатно дека речиси две години стариот модел одеднаш стана толку популарен, но како што истакнавме на почетокот на текстот – оваа 2020 година е полна со изненадувања!
Извор: Mondo.rs