Научникот Шејн Сатарели од Универзитетот Грифит во Австралија верува дека успеал да ја реши мистеријата околу исчезнатите пет американски воени авиони во Бермудскиот триаголник. Авионите исчезнале во 1945 година, на крајот на Втората светска војна.
Исчезнувањето на петте бомбардери се сметало за една од најголемите мистерии кои се случиле во периодот по Втората светска војна. Авионите исчезнале од радарите додека летале над Форд Лодердељ, на Флорида, кај островот Бимини.
Вкупно 14 членови од екипажот имале пријавено дека нивните компаси не работат. Поручникот Чарлс Тејлор, порачал преку радио дека влегуваат во бели и зелени води и дека не знаеле каде се наоѓаат. Подоцна, по нив биле испратени дополнителни три спасувачки авиони.
„Истрагата потврдила дека Тејлор ги навел авионите на погрешна локација. Тој и претходно знаел да го изгуби компасот и да не знае каде точно се наоѓа. Двапати претходно бил спасуван во водите на Пацификот“, објаснува Сатерли.
Сатерли е убеден дека американската морнарица имала добра претстава за тоа што се случило во целиот тој инцидент. Морнарицата знае дека Тејлор погрешно ги навел спасувачките авиони, но не сакала да ја префрли вината на него.
„Целиот инцидент и истрага била завршена со заклучок дека не е позната причината за неговото исчезнување. Но, јас тврдам дека истрагата била завршена затоа што и мајката на Тејлор не сакала да се префрли целата вина на него, а морнарицата се согласила со тоа“, изјавил Сатерли.
Повеќето од пилотите кои исчезнале во Бермудскиот триаголник биле на обука, па се верува дека едноставно не биле доволно кадарни да се соочат со незгодните временски прилики и ноќните летови. Авионите со кои управувале потонале за 45 секунди, наведува Сатерли.