Министерството за трговија на САД додаде 78 компании и индивидуи на листата која им забранува на американски компании да соработуваат со нив. Меѓу компаниите на листата се наоѓаат Semiconductor Manufacturing International, најголемиот кинески производител на чипови, како и најпознатиот светски производител на дронови – DJI.
Американските компании нема да смеат на овие компании да им продаваат компоненти произведени во САД. Ова ќе влијае на производството во тие компании, бидејќи ќе биде многу тешко да се заменат американските делови, што сега ги има во уредите што ги произведуваат. Но истовремено, на американските жители ќе им биде многу потешко да купуваат производи од тие компании.
Многу компании се ставени на листата, бидејќи според Министерството за трговија, и овозможиле на кинеската држава да ги крши човековите права преку собирање и анализа на генетскиот материјал, како и помагајќи да се обезбеди надзор на високо-технолошкиот систем врз граѓаните.