WhatsApp веќе долго нуди поддршка за гласовни и видео повици во рамките на својата мобилна апликација. Меѓутоа, веб и десктоп верзиите на сервисот досега ги немаа овие опции.
За среќа, WhatsApp работеше на тоа да овозможи гласовни и видео повици за веб и десктоп клиентите на својата апликација, а неодамна е објавен првиот увид во оваа функција, пред нејзината официјална објава.
Компанијата почна да ги тестира гласовните и видео повици за веб и десктоп клиентите со селектираните корисници во бета фазата. Како што може да се види на пратечките скриншотови, WhatsApp тестерите имаат нови копчиња за гласовно и видео повикување во чет заглавјето на своите веб и десктоп клиенти.
На оние кои примаат повик, ќе им се прикаже pop-up прозорец кога некој ќе ги повика. Прозорецот ќе го прикажува името на контактот, профилната фотографија и копчињата за прифаќање или одбивање на повиците. Исто така, оние кои го извршуваат повикот ќе видат издвоен pop-up прозорец со име и фотографија на контактот кој се повикува, копче за on/off видео, копче за гаснење на звукот и копче за прекинување на повикот.