Минатата недела, Huawei објави распоред за официјалната испорака на очекуваното стабилно ажурирање на EMUI 11 за глобалниот пазар. Набргу потоа, EMUI 11 започна да пристигнува на уредите Huawei P40, P40 Pro и Mate 30 Pro во неколку земји.
Иако ажурирањето на EMUI 11 сè уште e во почетна фаза на објавување, Huawei истакна дека бројот на корисници на EMUI 11 веќе надмина 10 милиони на глобално ниво.
Секако, повеќето корисници се очекува да пристигнат од кинескиот пазар, каде од почетокот на ноември е достапна стабилна верзија на софтверот за над 10 модели на телефони и таблети.
Некои од клучните карактеристики на новиот кориснички интерфејс EMUI 11 вклучуваат нов „AOD“ дисплеј во Mondrian style, редизајниран Gallery UI, синхронизирана вибрација, smart multi-window, подобрен NotePad, подобрени грануларни поставки и многу повеќе.
Извор: Benchmark.rs