Енергијата добиена од вода, со раздвојување на водород и кислород по посебна технологија може да се искористи во секојдневието и индустријата од мали, до средни и големи проекти, тоа да биде ефтин и неисцрпен ресурс и притоа да не се загадува животната средина, сметаат од Металотехника Прилеп.
Енерегетската иднина на Македонија е во искористувањето на обновливите извори на енергија добиени од ветар, сонце, биомаси и вода. Потреба што особено се наметнува во услови на зголемена потрошувачка на енергија, на константно зголемување на цената на енергетските ресурси, посебно на цената на суровата нафта, и особено важно поради константното загадување на животната средина која е неповратен ресурс.
Станува збор за извори на т.н зелена енергија кои се добиваат со релативно ниска цена, не ја загадуваат околината, нема потреба од увоз и се високо ефективен извор. Ветерниците, хидро централите, како и енергија од биомаси се познати на македонската јавноста, но она што е новитет во светот, што во некои високо развиени земји е хит, е добивање на енергија од вода, односно со нејзиното раздвојување на водород и кислород. А токму македонската компанија Металотехника Прилеп која оваа година слави 34 години од своето постоење, има создадено специјална технологија за раздвојување на водород и кислород, која може да се искористи на различни нивоа во секојдневието како и во индустријата од мали, до средни и големи проекти.
“Водата е материја во која најмногу се крие топлина, само е прашање на начинот и цената за одвојување на таа топлина. Водата гори, но за да даде топлина претходно треба да ги одвоиме водородот од кислородот. Благодарение на нашите повеќегодишни истражувања, како и анализа светските трендови за добивање енергија од обновливи извори, создадовме специјална технологија со која може да произведуваме ефтина, сигурна, а еколошка енергија, која при нејзино добивање ќе емитува 40 пати помалку штетни гасови од дозволените. А резервите и ресурсите на вода во Македонија се огромни, и не треба да стравуваме дека овој ресурс ќе биде во недостиг во иднина”, смета Јандре Здравески Директор и еден од сопствениците на Металотехника Прилеп.
Со овој проект ние сакаме да изградиме мини термоцентрала до 1 Мегават јачина, а со тоа би добиле евтина и чиста обновлива енергија, а би користеле водород кој нема потреба од складирање или дистрибуција на истиот, бидејќи се произведува на лице место според потребите на капацитетот на мини термоцентралата, односно обезбедува 100% автономност. Прашање е дали Државата е спремна, овој вид на енергија кој во светот е на далеку познат да го уврсти во обновливи видови на енергија и во нашата земја, додава Здравески.
Македонија има обврска, 20% од вкупното производсто на електрична енергија да ја добива од обновливи извори на енергија, што е просек и на дел од земјите членки на ЕУ, како Бугарија и Естонија, а што е предвидено и според ЕУ регулативите. Исто така и генералната светска политика ја задолжува секоја држава во наредните години до 2025 година да обезбеди од сопствени извори чиста енергија, односно енергија од обновливи извори, и да има своја енергетска стратегија. Македонија е планинска земја богата со вода, со предуслови за енергија која ќе се добива од вода. Во земјава најзастапени се хидропотенцијалот, ветерната енергија, сончевата енергија, и во сосем мали количини енергија добиена од био маса и био гас. Додека енергијата добиена од геотермални води, како и производство на енергија од водород е нешто што постои само во теоријата. А токму енергијата добиена од вода може да биде најефтината
Што би добиле: подобрување на енергетскиот баланс, помала увозна зависност на земјава, помал буџетски и трговски дефицит, на долг рок постабилни извори на енергија и секако намалена цена на електричната енергија, што ќе влијае позитивно на конкурентноста на домашните индустриски капацитети, кои и се најголеми потрошувачи на електрична енергија, и кои поголемиот дел од нив ја добиваат по субвенционирана цена, смета Здравески. Повеќе на [email protected]