Линијата монитори означени со ознаката „S7“ е наменета за бизнис корисниците, додека линијата со ознака „V7“ е наменета за домашните корисници.
Компанијата MMD, лиценциран партнер за Philips монитори најави проширување на својата понуда со новите монитори од S7 и V7 линијата. Новите модели се наменети за бизнис и домашни корисници и ќе може да се набави со екрани со големина од 21,5-инчи па се до 27-инчи.
Линијата монитори означени со ознаката „S7“ е наменета за бизнис корисниците, додека линијата со ознака „V7“ е наменета за домашните корисници. MMD за бизнис клиентите намени вкупно шест нови модели – по три со 21,5-инчен екран и по три монитори со 23,8-инчен дисплеј.
Куќните корисници ќе можат да бираат помеѓу десет различни модели – V7 линијата ќе ја сочинуваат два монитора со дијагонала од 21,5-инчи, четири монитори со големина од 23,8-инчи и четири модели со дијагонала од 27-инчи. Бидејќи двете категории корисници долго време минуваат пред екранот, и двете линии се опремени со технологии за заштита на очите во текот на подолга работа.
Моделите од бизнис S7 линијата се опремени со SoftBlue LED технологија, а мониторите од домашната V7 линија со LowBlue технологија. Разликата помеѓу овие две технологии е во тоа што SoftBlue технологијата се потпира на хардверски, а LowBlue технологијата на софтверски решенија.
Мониторите се опремени со IPS панели со FHD резолуција (1.920 x 1.080 пиксели). Благодарејќи на тоа, мониторите имаат видливи агли од 178 степени (вертикално и хоризонтално). Понатаму, како што е видливо од приложените фотографии двете линии имаат мали рамки околу екранот, што посебно ќе им се допадне на корисниците кои имаат потреба да користат повеќе монитори.
Од видео влезовите на располагање се HDMI и DisplayPort, а мониторите имаат и USB порт и стерео звучници. За крај треба да се спомене дека на мониторите од S7 линијата можно е да се подесува висината, положбата и навалувањето, додека мониторите од V7 линијата имаат само можност за подесување на навалувањето.