Qualcomm наскоро ќе го претстави Snapdragon 875 чипсет, а официјалниот настан е закажан за 1 декември. Покрај побрзите перформанси, новиот чип ќе донесе и поддршка за брзо полнење од 100W благодарение на најновиот Quick Charge 5.
Дојавувачот Digital Chat Station вели дека во првите три месеци од 2021. година ќе има дури пет нови смартфони, кои ќе понудат моќна комбинација на 875 чип и полнење од 100W.
Можеби меѓу нив се и Galaxy S21 телефоните на Samsung, кои веќе можеме да ги видиме како се појавуваат со референтни вредности. OnePlus 9 Pro, исто така, беше на Geekbench, а истиот уред треба да се појави кон средината на март. Тестот на брзината го помина и Xiaomi Mi 11 Pro.
Наводно во игра е и еден Meizu телефон, а не очекува да се појави некој LG уред со овој чипсет. Корејските медиуми известуваат дека LG нема да објави телефони засновни на 875, nниту во првата половина на 2021. година.
Не е познато кои од нив ќе ја искористат можноста за поддршка на полнење од 100W што ја обезбедува овој чипсет. Последните гласини сугерираат дека Samsung ќе остане на 45W за S21 Ultra, а OnePlus и Xiaomi веројатно ќе сакаат да промовираат сопствени решенија за полнење.