Научниците веќе подолго време знаат дека на Марс некогаш постоела „течна“ вода, а Црвената планета пред неколку милијарди години повеќе наликувала на Земјата, отколку на Марс кој денес го познаваме.
Но, досега научниците не беа сигурни што точно се случило и која е вистинската причина поради која Марс се претворил во пустина.
Неколку истражувања кои се фокусирале на Марс, а користеле податоци на NASA и леталото MAVEN кое се наоѓа во орбитата на Марс, откриле дека временските услови на површината на Марс влијаат на своевидно топење на мразот на неговите полови и испарување на влагата на големи висини во атмосферата.
„Се изненадивме кога откривме вода така високо во атмосферата“, изјави Шејн Стоун од Универзитетот Аризона во САД.
Стоун и членовите на неговиот тим го следеле нивото на јони на вода во атмосферата на Марс во текот на две „Марсови години“ и откриле дека нивното ниво се зголемува во текот на зимата, а се намалува во текот на летото. Тие исто така откриле дека песочните бури исто така влијаат на нивото на вода во атмосферата.
Силните ветрови кои се појавуваат во текот на бурите ја „бркаат“ влагата на повисоки нивоа во атмосферата каде што е изложена на вселенско зрачење, кое пак поттикнува распаѓање на молекулите на водата и нивно исчезнување. На ист начин водата испарува и исчезнува на Земјата.
Со следењето на бурите, научниците открија дека Марс во текот на 45 дена летото 2018. година, изгубил вода колку што обично се губи во текот на една година на Марс, односно две години на Земјата.
Тие податоци би можеле да влијаат на понатамошните истражувања на водата на Марс, но и на заклучоците за историјата на настанувањето на Црвената планета, затоа што покажуваат дека Марс можеби побрзо изгубил вода од тоа што се мислело досега.
Извор: Zimo.hr