Galaxy M линијата на Samsung е позната по огромните батерии – поголем дел од сегашните уреди имаат 6.000 mAh ќелија, а Galaxy M51 оди уште понатаму со 7.000 mAh. Според повеќе извори, новиот телефон ќе му се придружи на семејството, повторно со моќна батерија.
Уредоѕт со број на модел Samsung EB-BM425ABI веројатно ќе се вика Galaxy M42, а се појави на 3C сертификација со капацитет на батеријата од 6.000mAh.
Технички гледано, капацитетот наведен на 3C е 5.830 mAh, што е веројатно минимално полнење, додека типичниот капацитет ќе биде 6.000 mAh. Истиот уред е сертификуван во DEKRA (независна компанија која сертификува речиси се), како и во BIS – биро за идниски стандарди.
Претходно го имавме Samsung Galaxy M40 кој е ребрендиран во Galaxy A60, но ниту еден Galaxy M41 не постоеше, бидејќи Samsung во таа генерација го објави само Galaxy M51.