Досега веќе имавме можност да слушнеме информации од различни извори дека Samsung планира да ја објави својата серија Galaxy S21 во текот на јануари следната година. Сега, веб-страницата Android Police ги објави главните спецификации на претстојните смартфони, за кои се верува дека се дел од следната линија на јужнокорејската компанија: Galaxy S21, Galaxy S21+ и Galaxy S21 Ultra.
За почеток, Galaxy S21 и Galaxy S21+ се очекува да имаат FHD+ LTPS панел, со освежување на екранот од 120Hz. Дисплеите ќе ги задржат големините од 6,2 и 6,7 инчи, како сегашните S2- модели, но ќе претрпат намалување на резолуцијата од QHD на FHD+.
На полето на камерите, нема да има премногу промени и двата уреди се очекуваат со познатиот троен систем, кој се состои од главен сензор од 12MP, ултра-широк 12MP и телефото сензор од 64MP. За снимање видео, телефоните добиваат опции 8K / 30fps и 4K / 60fps.
Телефоните ќе ги покренуваат Qualcomm Snapdragon 875 и Exynos 2100 чипсети, во зависност од регионот во кој ќе бидат понудени. Galaxy S21 се очекува да има батерија од 4000mAh, додека Galaxy S21+ ќе добие батерија од 4800mAh.
Кога станува збор за боите, стандардниот Galaxy S21 се очекува во варијанти Фантом виолетова, Пинк розева, Фантом сива и Фантом бела, додека пак Galaxy S21+ ќе биде достапен Фантом сребрена, Фантом црна и Фантом виолетова боја.
Најмоќниот модел што ќе се нуди, Galaxy S21 Ultra, ќе има 6,8-инчен дисплеј, со LTPO панел и WQHD резолуција на екранот, со прилагодлива стапка освежување до 120Hz.
Кога станува збор за камерите, S21 Ultra ќе има вкупно четири камери на задната страна, кои го сочинуваат главниот сензор од 108MP, ултраширокиот од 12MP, 10MP 3X оптички сензор и 10MP 10x оптички сензор.
Galaxy S21 Ultra, исто така, ќе ги користи Snapdragon 875 и Exynos 2100 чиповите, а телефонот ќе содржи малку поголема батерија од 5000mAh. Уредот ќе се нуди во Phantom Black и Phantom Silver опции на боја.