Експертите за густата јапонска супа со парчиња тестенини или нудли велат дека вистинскиот начин да се ужива во овој национален специјалитет е истиот да се срка и вшмукува бидејќи само така може истовремено да се конзумира и течноста и тестенините. Но вшмукувањето на тестенините некои луѓе ги нервира поради што е измислена оваа вилушка која го намалува звукот од сркањето.
Јапонската компанија Nissin ја смисли вилушката наречена Otohiko и истата се продава за 130 долари, меѓутоа голем дел од јавноста веќе го препознава производот како најглупавиот изум за 2017 година.
Вилушката која се произведува во лимитирано издание има голема рачка која го „собира“ непријатниот звук од вшмукувањето на тестенините и го претвора во пријатен звук кој излегува од вашиот паметен телефон. Ова е овозможено преку поврзување со посебна апликација.
Компанијата одлучила да направи дури 5000 примерока од вилушката за која многу критичари се надеваат дека сепак нема да се прошири и во другите делови од светот.
Извор: Klix.ba