Прв доказ дека сепак Т-клетките се многу поважни за создавањето на имунитетот кај човекот
Одамна знаеме дека антителата во зависност од временскиот период по оздравувањето на човекот го штитат од повторна инфекција на коронавирусот, но улогата на Т-клетките останува нејасна.
Научниците конечно пронајдоа докази за тоа дека имуните клетки дефинитивно реагираат на Ковид-19 и тоа до шест месеци по оздравувањето.
Истражувањето опфатило 100 заболени од коронавирус, а оние кои што имале симптоми имале посилна реакција на Т-клетките на вирусот.
Сепак, сè уште не е јасно дали тие подобро можат да нè заштитат од инфекцијата за разлика од антителата кои што се создаваат кај човекот.
Британските истражувачи со тоа истакнуваат дека овие докази се „само еден дел од сложувалката“ за имунитетот и дека уште многу работи треба да се истражат.
Клучното прашање е дали по првото заразување со коронавирусот Т-клетките можат да го заштитат телото од повторно заразување, и доколку не можат, колку трае тој имунитет?
Научниците досега знаат дека телото создава антитела околу 10 дена по инфекцијата,но исто така докажано е дека по одреден временски период истите исчезнуваат од телото.
Од друга страна, откриено е дека вид на имуни клетки, Т-клетки, ги напаѓаат клетките заразени со коронавирусот. Тоа во медицината е препознато како клеточен имун одговор и исто така може да има клучна улога во создавање на имунитет.
Токму поради тоа научниците сметаат дека Т-клетките се многу поважни од антителата.
„Претходни резултати покажале дека одговорот на Т-клетките може да го надмине иницијалниот одговор на на антителата, што може да има влијание на развојот навакцината против Ковид и истражувањето на имунитетот“, истакнува д-р Шамез Ладани, автор на студијата и епидемиолог.
Извор: Telegraf.rs