Новиот iPhone 12 Pro се најде во рацете на Зак Нелсон од популарниот YouTube канал, JerryRigEverything, кој телефонот го подложи на своите вообичаени тестови на издржливост. Apple е познат по креирање на издржливи, премиум уреди, но изгледа дека компанијата не успеа тоа во целост да го оствари и со iPhone 12 Pro моделот. Барем кога е во прашање она што ни го демонстрираше Нелсон.
На тестот на издржливост, фокусот беше на новата Ceramic Shield заштита, што Apple на цел глас ја промовираше во текот на претставувањето на iPhone 12 линијата. Компанијата истакна дека користела нано-керамички кристали во матриксот на стаклото, со цел значајно да ја подобри издржливоста. Сепак, тестот покажа дека стаклото се гребе на шестото ниво на Мосовата скала, со подлабоки засеци од седмото ниво – резултат што го постигнуваат и поголем дел од Android смартфоните.
Од друга страна, новиот дизајн, испириран од iPhone 4 и iPhone 4 моделите, помага iPhone 12 Pro да биде поиздржлив од својот претходник. Ова е постигнато со поставување на екранот во склоп на рамките. Super Retina XDR дисплејот издржа долго под оган, што значи дека Ceramic Shield спречи толината да се префрли на пикселите под дисплејот.
На крајот, тестот на издржливост на новата рамка од нерѓосувачки челик покажува дека iPhone 12 Pro е заштитен од свтиткување, што значи дека е безбедно да се носи во џеб.