Redmi ја претстави Note 9 серијата во Индија во март. Линијата не беше претставена во Кина, бидејќи гласините сугерираа дека пазарот веднаш ќе ја добие Redmi Note 10 серијата со 5G поддршка. Информациите за двата уреда од Redmi Note 10 серијата се појавија за време на викендот.
Дојавувач на веб-страницата Weibo сугерираше дека еден од новите Redmi Note 10 ќе го користи MediaTek MT6853V Dimensity 720 чипсетот, додека другиот ќе го покренува Snapdragon 750G процесор.
Redmi Note 10 со Dimensity 720 чип ќе има главна камера од 48MP. Овој модел ќе биде позициониран под моделот со Dimensity 820 чип и 8 GB RAM, што претходно беше забележан на AI бенчмарк. Од друга страна, моделот со Snapdragon 750G чип ќе има и камера од 108MP. Ова ќе биде првпат да видиме 108MP камера на некоја Redmi Note серија.
Моделите D720 и SD750G од Redmi Note 10 серијата ќе имаат LCD панели со punch-hole дизајн. Претходните извештаи сугерираа батерија од 4800mAh и 33W полнење за SD750G Note 10.
Засега нема информации кога ќе биде претставена Redmi Note 10 серијата телефони.