Bloomberg известува дека продавниците на Apple престанале да продаваат звучници и слушалки од неколку конкуренти.
Врз основа на проверките и она што им е речено на вработените, познатиот сајт објави дека Logitech, Sonos и Bose повеќе не се достапни во малопродажните локации на Apple или на мрежата. Ова се поклопува со претходните гласини на Bloomberg, дека нови Apple слушалки можат да се појават во продажба оваа година. Брзиот преглед на веб-страницата на Apple открива дека единствениот независен уред што сега е наведен е Conference room звучникот на компанијата Philips.
Промената ги одразува сличните потези што Apple ги презема и порано, како отстранување на Fitbit хардверот од своите полици во 2014. година, пред да се појави Apple Watch. Досега Apple ја ограничуваше продажбата на слушалки на брендот Beats, но брендираниот комплет на компанијата од Купертино би можел да има покласичен дизајн и со карактеристики слични на AirPods.