Корисниците на веб-прегледникот Google Chrome се предупредени дека треба да избришат две екстензии за кои е утврдено дека крадат податоци. Станува збор за UpVoice и Ads Feed Chrome.
Поднесена е тужба против производителот на двете екстензии, откако беше откриено дека ги земаат податоците на корисниците без дозвола од апликациите Facebook и Instagram.
Исто така, се нагласува дека и двете екстензии биле достапни за преземање од официјалната продавница на Chrome од септември, односно ноември минатата година. Оттогаш биле преземени меѓу 5.000 и 10.000 пати, што значи дека илјадници корисници се изложени на ризик.
More malicious extensions were discovered to have been stealing user data.Two extensions in particular, UpVoice and Ads Feed Chrome, have been flagged as particular risks. #identityprotection #humanresouces #cybersecurity https://t.co/YE50HBlFxd
— Carmen Bernard (@legal_carmen) October 3, 2020
Во тужбата се тврди дека се загрозени податоците на луѓето кои ги користат апликациите Facebook, Instagram, Amazon, Twitter, LinkedIn, Pinterest и YouTube
Корисничкото име, полот, датумот на раѓање, љубовниот статус и информации за локацијата на корисникот беа меѓу податоците што овие екстензии недозволено ги присвојувале, заедно со преференциите за рекламирање и други параметри кои покажуваат како корисниците комуницирале едни со други.
Извор: B92.net
Поврзани артикли