Дроновите денес се способни да извршат голем број на задачи, а доказ за тоа е најновиот случај од Соединетите Американски Држави.
Досега дроновите најмногу се користеа за правење на фотографии и видеа, но од неодамна започнаа да добиваат и многу поширока примена, па веќе ширум светот со помош на беспилотните летала се доставуваат разни пратки.
Конкретно во последниот случај во американската сојузна држава Невада, дрон успешно достави човечки бубрег и рожница.
Оваа важна задача заеднички ја извршија компаниите MissionGO, организацијата OPO и донорската мрежа Nevada Donor Network.
„Овие летови се возбудлив чекор напред. Анализите на летовите покажаа дека дроновите се безбеден метод за транспорт на товар кој е од животна важност. Исто така, пратката е безбедна, како и луѓето на тлото, дури и доколку се работи за подолги летови“, изјави претседателот на MissionGO, Ентони Пучиарела.
Дронот извршил два летови, еден од болницата и медицинскиот центар Southern Hill кон болницата Dignity Health St. Rose Dominican во Сан Мартино. Другиот лет бил помеѓу аеродромот до малиот град во пустината во близина на Лас Вегас каде бил доставен бубрегот за истражување.
Претходно во текот на 2019-та година дрон исто така достави бубрег кој беше искористен за трансплантација.
Извор: Klix.ba