Apple на 15. септември го претстави iPad Air (2020), но таблетот се уште не се појави во продажба. Сега на Geekbench се појави верзија, која веројатно пристигнува од подготовката на производството, а ги прикажува перформансите на новиот A14 Bionic чипсет.
A14 Bionic CPU овозможува исклучителни перформанси за едно јадро, а на Geekbench се остварени 1583 поени, што е за околу 18 проценти повеќе од она што го остварува A13 во iPhone 11 Pro моделот. Исто така, чипсетот остварува значајно повеќе од првите резултати на Snapdragon 875 (1159 поени) и Exynos 1000 (1159 поени) чипот.
Кога е во прашање тестот на повеќе јадра, iPad Air со A14 чипсет оствари резултта од 4198 поени, што претставува зголемување од околу 20 проценти во однос на iPhone 11 Pro резултати. Тоа е во рангот со прелиминарните резултати на Exynos чипсет (4250 поени) и ништо подобро од Snapdragona (4090 поени).
iPad Air за 2019. година користеше ист чипсет, како и тогаш актуелниот iPhone XS, а бенчмарк резултатите беа слични помеѓу двата уреда. Се очекува дека слично ќе биде и со годинашните iPhone 12 линијата.