HAPPY WEEK акција во Нептун со големи попусти и до 60 рати БЕЗ камата на цените со попуст! Од 01-08 октомври, до 60 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и синдикална продажба, потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни цени со големи попусти. Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија и изберете од најголемиoт избор на: компјутери, лаптопи и таблети, мобилни телефони, телевизори, клима уреди, фрижидери, машини за перење/сушење, плотни, фурни, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Целокупната понуда за акцијата Happy Week, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/.

„Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“ една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Neptun“, „Jumbo“, “Spar” и други. Овој месец на ниво на “Neptun International” се најавува нова комуникациска стратегија преку “магичниот” збор “АЈДЕ” кој во нашиот балкански регион на повеќе различни јазици има едно исто значење, двигателен повик кој едноставно дава позитивно и лесно решение кое Нептун го нуди на луѓето и нивните секојдневни предизвици. Нептун е место кое нуди решенија, место во кое ги олеснуваме нашите животи преку купување на најновите и најдобрите технологии и апарати за домаќинство. Со нетрпение очекуваме што сѐ ќе содржи новиот концепт на Нептун. Во меѓувреме, АЈДЕ во Нептун на шопинг со големи попусти и до 60 рати без камата!

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

(ПР Текст)