Основачот на компаниите Tesla и SpaceX, Елон Маск изјави дека тој и неговото семејство нема да се вакцинираат откако вакцината против коронавирусот ќе биде достапна.
Маск гостуваше во емисија, изјавувајќи дека тој и неговата деца нема да се вакцинираат против Ковид-19 бидејќи не спаѓаат во ризичната група.
„Во основа, по правило не би требало да има карантин за целата земја, но мислам дека секој кој е во ризик би требало да биде во карантин додека не мине целата работа“, изјави Маск.
Тој е познат по контроверзните ставови за коронавирусот и за карантинот во САД. На самиот почеток на пандемијата го нарече вирусот „глупав“, а целата ситуација како „дигање паника“.
Во март рече дека жестоко се противи на препораките на Калифорнија луѓето да останат дома, опишувајќи го карантинот како „присилно затворање“ и „фашизам“.
Кога округот Аламеда во Калифорнија, каде е сместена една од Tesla фабриките, одби да дозволи фабриката да продолжи со производство, Маск продолжи со работа и рече дека е спремен да биде уапсен.
Водителката Кара Свишер го спомена тоа во текот на интервјуто, но Маск одлуката на округот ја нарече „претерана“, а изјавата за тоа дека е подготвен да биде уапсен дека е всушност шега.
Извор: B92.net