Откако се официјализирани годинашните Xperia 1 II и 5 II телефони, вниманието се насочува кон Xperia 1 III, што се очекува на почетокот на следната година. Сега се појавија првите извештаи, кои наводно потекнуваат од доверлив извор.
Извештајот од Јапонија сугерира дека Sony Xperia 1 III ќе има надграден дисплеј, што ќе нуди 15 проценти подобра осветленост. Исто така, селфи камерата ќе има поширок отвор на блендата што ќе ги подобри нејзините вкупни перформанси. Големината и резолуцијата на сензорот ќе останат исти во однос на Xperia 1 II (8MP, 1/4″).
Останува да се види дали покрај зголемувањето на осветленоста, дисплејот ќе добие уште некои подобрувања, како и дали би можело да се работи за 4K панел. Од објавата на Xperia 1 III моделот не делат уште неколку месеци, така што повеќе информации се очекуваат во следниот период.