Просечната цена на мобилните телефони во вториот квартал оваа година порасна на сите главни пазари освен во Јужна Америка, покажа истражувањето на агенцијата Counterpoint.
Најголем раста на цената на смартфоните во однос на минатата година е забележан во Кина, каде што просечен уред чини 266 евра, неговата цена во Северна Америка е 404 евра, а во Европа изнесува 250 евра,
Во азиско-пацифичкиот регион (без Кина) чини 208 евра, на Блискиот Исток и Африка 141 евро и во Јужна Америка 142 евра.
Кога се работи за производителите, најбарани во вториот квартал биле уредите на Apple, кои сочинуваат 34 проценти од пазарот.
На второто место е Huawei со 20 проценти, на третото Samsung со 17 отсто, Vivo учествува на пазарот со седум отсто, а Oppo со шест отсто. Сите останати производители заедно сочинуваат 16 проценти.
Иако продажбата на телефони опадна, во извештајот е наведено дека најскапите модели и натаму се продаваат добро.
Вкупната глобална продажба на мобилни телефони падна за 23 отсто во однос на минатата година.
Се верува дека најдобрите и најскапите модели не забележале толкав пад поради потребата на луѓето за забава и комуникација во текот на карантинот. Посебно е изразено интересирањето за уредите на Apple, наведено е во извештајот на агенцијата што ги анализира трендовите во глобалната мобилна индустрија.