Во блог објава што ја најавува следната верзија на Exchange Server на компанијата, Microsoft со една реченица најави интересни промени за оние кои не сакаат да плаќаат претплата за Office апликациите.
„Microsoft Office ќе добие нова трајна објава за Windows и Mac, во текот на втората половина на 2021. година“, се споменува во блогот. Со ова се потврдува дека следната година пристигнува Office верзија, која е можно да се користи со помош на само едно купување,
Компанијата веќе со години го промовира Microsoft 365 како главен начин за добивање на Office апликации. Претплатничкиот модел на пакетот дава пристап до Word, Excel, PowerPoint, Outlook и другите апликации, со месечен надомест. Иако некои од овие апликации е можно да се користат онлајн со Microsoft сметка, не можат да се инсталираат на компјутерот, како што е тоа случај со претплата.
Оние кои сакаат еднократно да платат за Word, Excel и PowerPoint моментно имаат опција за купување на Office 2019 верзијата за 150 долари. Microsoft не објави други информации за трајниот Office пакет, освен тоа дека пристигнува следната година, а повеќе детали најавува за подоцна.