Во едно село, во период од година и пол, жителите мистериозно останувале без интернет сигнал секое утро во 7 часот. Причината била прилично неочекувана.
Имено, кога мајсторите пристигнале во велшкото село Аберхосан да видат за што станува збор, не се надевале дека за целата збрка ќе биде виновен – стар телевизор.
Еден жител секое утро го вклучувал својот стар телевизор. Ова предизвикувало пречки во електро-мрежата, бидејќи интернетот доаѓал до жителите преку електро-инсталации, па самата работа на интернетот била оневозможена.
Засрамениот жител ветил дека повеќе нема да го користи стариот ТВ уред, а проблемот е откриен дури откако ни замената на каблите не успеала да ја реши ситуацијата, па инженерите одлучиле да одат од куќа до куќа и да проверуваат.
„Нашиот уред за откривање на електрични шумови забележал големи пречки точно во 7 часот“, изјавил еден од инженерите, Мајкл Џоунс. Проблемот не се појавувал, откако жителот кој не сакал да биде идентификуван, прекинал да го вклучува телевизорот.