Samsung неодамна, кај EUIPO (European Union Intellectual Property Office) организацијата, поднесе барање за патент кој би можел да се појави на Galaxy S21/S30 серијата телефони следната година. Описот на такнаречената ISOCELL Vizion камера совршено им одговара на карактеристиките што ги има и 3D ToF сензорот.
Според некои извори, 3D ToF сензорот изостана од Galaxy Note20 линијата поради тоа што Sony беше преокупиран со нарачките на овој сензор од компанијата Apple. Поради тоа, Samsung одлучи работите да ги преземе во свои раце и да креира сопствен сензор за Galaxy S линијата за следната година. Од друга страна, постојат и гласини што истакнуваат дека наредната S серија нема да има 3D ToF сензори.
Описот во рамките на патентот укажува на некои карактеристики, а една од нив е препознавање на цртите на лицето, во случај Samsung да одлучи сензорот да го смести од предната страна.
Не постојат гаранции дека ISOCELL Vizion сензорот на Samsung ќе се појави на претстојната Galaxy S линија смартфони, но секако е јасно дека јужнокорејската компанија ја разгледува можноста за проширување на своето производно портфолио и осамостојување на полето на споменатите сензори.