IBM успешно ги изгради и тестираше најмоќните универзални квантни компјутерски процесори, што ќе им бидат на располагање на програмерите, истражувачите и програмерите кои ги истражуваат квантните компјутери.
Вториот прототип ќе се искористи во комерцијални цели и ќе биде јадро на IBM Q системот, иницијативата на IBM за изградба на комерцијално достапни универзални квантни компјутерски системи за бизнис и научни цели. Пристапот до едниот и другиот процесор ќе биде можен преку Cloud платформата на IBM.
Колку новите IBM процесори се посилни од претходникот, најдобро говори податокот дека досега се извршуваа експерименти на процесорите со 5 кубити (темелно изграден блок на квантните компјутери), а новите процесори имаат 16 кубити поради што ќе бидат способни за извршување на комплексни експерименти.
Покрај тоа, првиот прототип на комерцијалниот процесор на IBM со 17 кубити содржќи издржливи материјали, уреди и промени во архитектурата што го прават барем двојно посилен од сите досега достапни квантни процесори.