Acer неодамна го претстави 4K 144Hz XV282K KV гејминг монитор, со HDMI 2.1 конекција. XV282K KV е прв монитор на компанијата со поддршка за HDMI 2.1, а тука се и VESA DisplayHDR 600 и AMD FreeSync поддршка.
Мониторот има 28-инчен 4K IPS панел, со стапка на освежување на дисплејот од 144Hz, што наводно го обезбедува Innolux. Панелот би требало да понуди 98% DCI-P3 покриеност на бои, како и контраст од 1000:1.
XV282K KV пристигнува со подесувачки сталак, а има 100 mm x 100 mm VESA mount. Од конекторите се присутни DisplayPort 1.4 и два HDMI 2.1 порта. Тука е и интегрираниот USB 3.0 hub, со четири Type-A порта и 3.5mm приклучок.
Acer XV282K KV мониторот е моментно достапен во Кина, а меѓународната објава се очекува во текот на 2021. година.