Не е прв пат на WhatsApp апликацијата за допишување да кружат пораки, што често се нарекуваат „бомби“, бидејќи ја блокираат самата аплиакција и предизвикуваат проблеми за корисниците.
Имено, таквите „бомби“ всушност се пораки во кои се наоѓаат низа случајни знаци, што апликацијата не може да ги протолкува, па затоа се создава „маѓепсан круг“ каде што WhatsApp односно се стартува и руши.
❌ Scary messages and vcards freeze WhatsApp
These messages contain crash codes and they are very dangerous.
Scary messages should immediately get the attention of @WhatsApp. #RThttps://t.co/guPfspUqdp— WABetaInfo (@WABetaInfo) September 6, 2020
Кога ќе дојде до ова, на корисникот не му преостанува ништо друго туку да го избрише WhatsApp од својот телефон и повторно да го инсталира. Проблем е што во таквите ситуации често доаѓа до губење на сите пораки, што за многу корисници е голем проблем.
Олеснителна околност може да биде ако корисникот е логиран во WhatsApp веб апликација, која овозможува испраќање на WhatsApp пораки од компјутер. Имено, таквите „бомби“ немаат влијание на веб верзијата на WhatsApp апликацијата, па можно е едноставно да се избрише спорната порака и да се продолжи со користење на телефонот.
За да спречите да дојде до рушење на апликацијата, оневозможите примање на пораки од непознати контакти. Тоа го правите на следниот начин: Settings -> Privacy, а потоа со менување на ставката „Everyone“ во „My contacts only“.
Од WhatsApp истакнаа дека работат на креирање на сигурносна закрпа, што би требало да го спречи рушењето на апликацијата, во случај на добивање на оваа спорна порака. Меѓутоа, ќе биде потребно да помине некое време додека закрпата да им стане достапна на сите корисници.