Apple Watch е водоотпорен часовник што може да се користи во текот на пливање. Но, што се случува кога ќе излезете од вода. Доколку не сте знаеле, Apple Watch пристигнува со систем за активно исфрлање на водата, кој ги користи вибрациите на звучникот за исфрлање на вода од портовите на уредот.
Се работи за интересна функција и идеја за која Apple е заинтересиран евентуално да ја имплменетира и во својата iPhone линија, како и во iPad уредите.
Ова е засновано на патентот што го откри AppleInsider, а во кој Apple истражува начини на кои би можел да се ослободи од водата, што би стигнала во звучниците на iPhone. Моментно, најголем број од уредите се потпираат на затворање на портовите за да се спречи продирање на вода во нив, но бидејќи речетките за звучниците и микрофоните се отворени, ова решение не е во целост применливо.
Засега не е познато дали Apple планира споменатиот патент да го комерцијализира, односно решението од него да го имплементира во конкретни производи.