Honor го претстави својот нов паметен часовник под името Watch GS Prо со многу издржлива батерија.
GS Pro доби 1,39-инчен кружен AMOLED екран, рамка од нерѓосувачки челик и поликарбонатно куќиште. Има робустен и агресивен дизајн чија дел е да ги привлече љубителите на кампинг и другите авантури. Часовникот помина 15 различни тестови според војните 810G спецификации што се однесуваат на отпорност на вода, падови и топлина.
Голема предност му е и батеријата, која во нормален режим трае 25 дена, овозможува 48 часа користење на GPS, како и 100 часа работа во режим на вежбање на отворена. Батеријата се полни два часа.
GS Pro има неколку модови дизајнирани за активности на отворено, вклучувајќи планинарење, возење велосипед, искачување, трчање, спортови на снег и слично. Часовникот со помош на GPS, исто така, го бележи движењето, така што можете да се вратите по истиот пат доколкку се загубите.
Дел од часовникот има и сензор што константно ја следи работата на срцето, нивото на кислород, стрес и сон, а можно е да складира и околу 500 песни. Прикажува и информации за временската прогноза, а часовникот е можно да се користи и како прекинувач за фотографирање со смартфон.
Honor го претстави и часовникот Watch ES што е нешто помеѓу фитнес тракер и смартвоч. Доаѓа со 1,64-инчен AMOLED екран со резолуција 456×280 пиксели и има функција на персонален тренер. Батеријата трае 10 дена, што исто така е импресивно.
GS Pro ќе биде достапен во црна, бела и сина боја и чини 250 евра, додека Watch ES ќе се продава во црна, розева и бела боја по цена од 100 евра. Продажбата почнува на 7. септември.