Samsung неодамна го објави One UI 2.5 корисничкиот интерфејс за Galaxy S10 линијата, а сега на ред дојде најновата верзија на прилагодениот Android интерфејс да ја добие и Galaxy Note10 линијата смартфони.
One UI 2.5 ажурирањето пристигнува на Galaxy Note10 (SM-N970F), Galaxy Note10+ (SM-N975F), Galaxy Note10+ 5G (SM-N976B) и Galaxy Note10 Lite. Карактеристиките се идентични со оние на ажурирањето за Galaxy S10 линијата, додека Android сигурносната закрпа е ажурирана за септември 2020.
Функциите на ажурирањето го вклучуваат Wireless Dex со опцијата за подесување на зумирање на екранот и големината на фонтот, подобрен Pro Video Mode за камера апликацијата, полесно делење на Wi-Fi креденцијалите со другите Galaxy уреди, пребарување на YouTube видеа во апликацијата за тастатура. Pro Video Mode овозможува избор на видео резолуција и фрејмрејт, а тука се и Always On Display мод, Bitmoji Stickers поддршка и друго.
Ажурирањето пристигнува OTA (over the air) и на сите корисници би требало да им биде достапно во текот на следните неколку недели.