Poco во јули го претстави M2 Pro, а сега компанијата најави дека стандардниот M2 телефон ќе го објави на 8. септември. Истиот ден, глобално ќе се појави Poco X3 NFC.
Промотивната страница за Poco M2 сугерира дека телефонот ќе има голема батерија и голем дисплеј. Не е позната резолуцијата, но екранот ќе има засек во кој ќе биде сместена предната камера.
Компанијата исто така ветува дека Poco M2 ќе може да креира „епски HD фотографии“, како и дека ќе биде опремен со доволно RAM меморија.
Се очекува дека во следните денови, пред објавата, ќе бидат достапни уште тизери со карактеристиките на Poco M2 телефонот.