Nokia 2.4 (кодно име Wolverine) би можел да биде претставен во текот на IFA саемот оваа недела, заедно со моделот 3.4 и неколку телефони од средниот сегмент. Моделот од серијата 2 ќе има дизајн што е доста сличен на неговиот претходник Nokia 2.3.
Задната страна покажува една нова функција – читач на отпечатоци од прсти. Nokia 2.3 имаше само основно отклучување преку цртите на лицето. Моделот со број TA-1270 се појави во FCC документацијата, која покажува надградба на батеријата од 4000mAh на 4800mAh. Смартфонот ќе има поддршка за 10W полнење.
Двојната камера на задната страна делува неизменето, а според гласините ќе ги има истите 13MP и 2MP сензори. Од предната страна се очекува 5MP камера, сместена во засек.
Засновано на истите гласини, Nokia 2.4 ќе има поголем дисплеј од претходникот, а големината од 6,2 инчи ќе се зголеми на 6,5 инчи. Уредот ќе го покренува MediaTek Helio P22 чипсет, со 2GB RAM и 16GB простор за складирање, а се очекува и 3GB/32GB верзија.