Со вселенскиот телескоп Хабл се воочени остатоци од звезда за која се претпоставува дека експлодирала пред 10.000 до 20.000 години. Призорот кој асоцира на портокалова лента многумина импресионираше.
Од перспектива на планетата Земја оваа ѕвезда била во соѕвездието Лебед на северната хемисфера, објави порталот Mashable. Снимените остатоци на ѕвездата е оддалечени близу 2.400 светлосни години.
Appearing like a delicate veil draped across the sky, this @NASAHubble image reminds us of the power of imagination. What does it look like to you?
In reality, it's part of a supernova blast wave in the constellation Cygnus, ~2,400 light-years away: https://t.co/R81y1rR1tS pic.twitter.com/2eyktwoZEo— NASA (@NASA) August 30, 2020
Експлодираната ѕвезда била значително поголема од Сонцето, отприлика 20 пати. Откако експлодирала, остануваат нејзините остатоци, а во овој случај тие се емитирани на оддалеченост од 60 светлосни години.
По експлодирањето на ѕвездата, нејзините остатоци се мешаат со плиновите и прашината во вселената низ која лебдат. Со тоа се создава прекрасниот призор како наведениот.