Со вселенскиот телескоп Хабл се воочени остатоци од звезда за која се претпоставува дека експлодирала пред 10.000 до 20.000 години. Призорот кој асоцира на портокалова лента многумина импресионираше.

Од перспектива на планетата Земја оваа ѕвезда била во соѕвездието Лебед на северната хемисфера, објави порталот Mashable. Снимените остатоци на ѕвездата е оддалечени близу 2.400 светлосни години.

Експлодираната ѕвезда била значително поголема од Сонцето, отприлика 20 пати. Откако експлодирала, остануваат нејзините остатоци, а во овој случај тие се емитирани на оддалеченост од 60 светлосни години.

По експлодирањето на ѕвездата, нејзините остатоци се мешаат со плиновите и прашината во вселената низ која лебдат. Со тоа се создава прекрасниот призор како наведениот.