Извршниот директор на Apple, Тим Кук, нема високо мислење за социјалните медиуми и компаниите за маркетинг, од кои во моментов повеќето се вовлечени во контроверзија за руското мешање во претседателските избори во САД. Кук во интервју рекол дека големиот проблем не се огласувањата чиј таргет се групи и индивидуи, туку прекумерната употреба на социјалните медиуми како алатка за лажни информации и манипулација.
Тој смета дека тие се користат за да ги поделат луѓето и да се манипулира со нив, да се презентираат лажни вести до луѓето за да се влијае врз нивното размислување.
Во минатите неколку месеци беше откриено дека огласувањето поврзано со Русија преовладува во пребарувањата на Google и YouTube, како и на платформите Facebook и Twitter. Огласите на овие мрежи достигнале многу повеќе корисници од порано, во некои случаи дури и 10 пати повеќе од вообичаено.
Кук истакнува дека сите компании не се исти, бидејќи сите имаат различни вредности, принципи и бизнис-модели. Тие бизнис-модели вклучуваат составување на количини на податоците од корисниците, што Кук го посочи како нешто за кое Apple како компанија не е заинтересирана. Apple не ја знае содржината на пораките, иако имаше реакции за нарушувањето на приватноста поради новата опција за препознавање на лицето за новиот модел на iPhone. Но, Кук истакна дека податоците за препознавање на лицето се складирани во телефонот и се кодирани, односно дека Apple ги нема тие податоци, туку уредот на корисникот.
WATCH: Apple CEO Tim Cook goes one-on-one with @LesterHoltNBC. https://t.co/T30BsPJYjr https://t.co/zrkTVMA7dM
— NBC Nightly News with Lester Holt (@NBCNightlyNews) November 1, 2017