Компанијата Samsung нема голема конкуренција на пазарот на смартфони на преклоп, а сега, наводно, го подготвува новиот флексибилен модел со пристапна цена.

Уредот се развива под ознаката SM-F415, a буквата F наговестува дека моделот ќе биде на преклоп. Смартфонот ќе биде дел од семејството Galaxy Z, но не е познато конечното име на уредот.

Според гласините, новиот модел ќе има 64 и 128 GB интерна меморија, а ќе биде достапен во црна, зелена и сина боја.

Ова не е првпат да слушнеме дека Samsung планира на пазарот да пласира евтини смартфони на преклоп.

Овие уреди сè уште се новитет на пазарот, па многу произведувачи се обидоа да направат ваков модел, но само некои постигнаа успех. Samsung засега постигна најмногу успех во овој поглед.

Извор: Klix.ba