Motorola го претстави најновиот модел во рамките на својата Moto G линија телефони. Moto G9 е официјализиран во Индија, а пристигнува со 6,5-инчен Max Vision HD+ LCD екран со реозлуција 1600 × 720p.

Смартфонот го покренува Qualcomm Snapdragon 662 чипсет, во комбинација со 4GB LPDDR4x RAM и 64GB простор за складирање, кој е можно да се прошири преку microSD слот.

Moto G9 на задната страна има три камери, а системот го сочинуваат 48MP главен сензор, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Од предната страна е 8MP селфи камера. Телефонот го напојува 5000mAh батерија со поддршка за 20W брзо полнење.

Motorola Moto G9 доаѓа во Forest Green и Sapphire Blue бои, а на пазарот на Индија ќе се продава од 31. август по цена од околу 155 долари.