Кина од јули почнала да им дава експериментални вакцини на групи лица со висок ризик од инфекција со коронавирус, изјави претставникот на Националната здравствена комисија Џенг Џонгвеи.
Целта била да се зајакне имунитетот на одредени групи луѓе, вклучувајќи ги и здравствените работници и луѓето кои работат на пазарите и во секторите транспорт и услуги, пренесуваат британските медиуми.
Досега ниту една вакцина се уште ги нема поминато сите фази на клиничките испитувања за да се докаже дека е безбедна и ефикасна во борбата против Ковид-19.