Градот Шенжен во јужна Кина е првиот во земјата што е целосно покриен со независно 5G вмрежување, изјави градоначалникот Чен Жугуи.
Според него, градот ја завршил својата зацртана цел од 2019 година, а тоа е изградба на 45.000 базни станици за 5G до крајот на август 2020 година. Со тоа е постигнато целосно обезбедување на градска 5G мрежа. Шенжен сега има над 46.000 5G базни станици.
Следниот чекор е да се поттикне развојот на 5G индустријата и развој на технологијата на екосистемот предвиден со тоа.
Овој технолошки центар во кинеската провинција Гуангдонг е дом на поголема група нови, но и веќе разработени кинески технолошки компании, меѓу кои и Хуавеј и Тенсент.