Гугл ја елиминираше разликата кај своите домејни за земјите од каде се врши пребарувањето. Сега, без обѕир како корисникот пребарува (дали преку домејнот за одредена држава или преку google.com), ќе добие резултати засновани на локацијата каде што тој моментно се наоѓа.
Тие локализирани резултати ќе се појавуваат, како на мобилните уреди, така и на десктоп платформите. Доколку погледнете во долната лева страна на уредот, ќе видите во која земја Гугл Ве пронашол. И, тоа ќе се менува зависно од тоа каде се движите.
Корисникот ќе може и да ја промени локацијата преку делот „Поставки“, во „Риџнс фор Срч Резалтс” секцијата.