Доколку поминувате доволно време на интернет, ќе почнете да забележувате огласи чија цел сте токму вие или луѓе слични на вас. Тоа го прифаќаме како дел од секојдневието. Благодарение на оваа алатка, добиваме огласи за работи што нè интересираат.

Но се чини дека „Фејсбук“ отишол чекор подалеку. Имено, наводно користи микрофони во нашите компјутери за да ги шпионира нашите разговори и на тој начин собира информации за огласните кампањи.

Авторот на технолошкиот подкаст „Reply All“, Пи Џеј Вогт, неодамна објави твит во кој ги повикува другите корисници на овој сервис да споделат причини зошто веруваат дека „Фејсбук“ ги шпионира нивните разговори заради реклами.

Меѓу другите се јави и потпретседателот на рекламниот сервис на „Фејсбук“, Роб Голдман, кој тврди дека најголемата социјална мрежа во светот не се занимава со такви сомнителни активности.

Facebook не е единствената компанија што се обвинува за прислушување. Голем број луѓе веруваат дека компаниите ги користат паметните телефони за собирање информации за потрошувачите.

Извор: Tportal.hr