Американската компанија Google соопшти дека има намера да ја создаде најобемната мрежа за рано откривање и алармирање при појава на земјотрес со помош на Android телефони.
Во најновото соопштение од компанијата стои дека отсега телефоните со Android систем ќе можат да станат дел од системот за предупредување за земјотреси насекаде во светот.
Тоа значи дека вашиот телефон ќе може да биде мини сеизмометар и да им се придружи на милиони други Android уреди со цел да се создаде најголем систем за предупредување во светот.
Бидејќи секој паметен телефон е опремен со мал акцелерометар, тој прима сигнали што може да укажат на земјотрес во близина. Тие ќе бидат испратени до специјален сервер кој ќе собира и обработува информации од разни паметни телефони за да утврди дали навистина има земјотрес на одредено место.