Под мотото “HR Трансформација”, Академијата за човечки ресурси на Creative Hub го организира првиот виртуелен HR самит.
Настанот ќе се одржи оваа сабота на 15. август 2020 година со почеток од 10 часот наутро. Пријавените ќе можат да ги гледаат сите сесии до 10 часот попладне.
Самитот ќе се осврне на теми како предизвиците со кои се соочуваат регрутерите денес, како може да се подобрат перформанс менаџмент процесите и да се задржат најдобрите кадри. На самитот ќе слушнете и дискусија за тоа како би изгледал тренингот на вработените во иднина, и секако дискусија за тоа како ќе изгледаат промените покорона вирусот во HR индустријата. На настанот ќе присуствуваат 13HR професионалци од 5 земји кои ќе ги пренесуваат своите искуства и ставови.
“HR Академијата на Creative Hub покрај едукативната програма што ја нуди секогаш се труди и да даде свој придонес во развојот на оваа индустрија. Овој пат организираме виртуелен настан кој е бесплатен за сите, а се погриживме да имаме гости HR професионалци од светот како глобалниот директор на човечки ресурси на Schneider Electric, потоа директорот на човечки ресурси на групацијата Santander , а поканивме и дел од нашите предавачи од Академијата да дадат свој придонес на настанот. “-вели Аријана Коскарова ,организатор на настанот.
Целосната агенда на настанот е објавена на нашиот сајт https://hrsummit.app.virtualsummits.com/заедно со листата на спикери, а пријавените можат да ги букираат сесиите кои сакаат да ги следат.
Настанот ќе биде во времетраење од 1 ден, и ќе се состои од 5 различни сесии, каде ќе се дискутира на различни теми.