Последните неколку генерации на iPhone-и понудија поддршка за безжично полнење, но сепријата iPhone 12 на Apple би можела и да го подобри тоа искуство.
Компанијата планира да го воведе првиот телефон со магнетно позиционирање – односно многу силни магнети кои автоматски ќе го придвижат телефонот на оптимална позиција за полнењето.
Според некои добиени податоци и прототипови, првата генерација на телефони со магнетно позиционирање ќе биде серијата iPhone 12. На страниците на кинеската социјална мрежа Веибо се појавија слики од магнетни калапи, а фотографиите ги прикажуваат заедно со другите компоненти, како што се системот за фотоапарати и копчињата за вклучување и звук.
Се очекува дека новата функција ќе бара компатибилен полнач, со цел сè да работи. Ова укажува на тоа дека Apple сега е подготвен да воведе и официјален безжичен полнач, по фијаското со проектот Air Energy.